Начин на плаќање

Термо Систем ви овозможува да го платите одбраниот производ со:

• со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р. Македонија преку CaSys International картичниот систем
• во готово (при испораката на нарачката)
• вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство

Плаќање при испорака на нарачката:
Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извршува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адресата, курирот е должен да остави известување за пратката.


Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:
Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. 
Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со уплатница во најблиската банка или пошта. 
По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака.


За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигнување во нашиот дистрибутивен магацин во Скопје:

Адреса: Никола Парапунов 1/1-13 Карпош 4 - Скопје, Македонија

Можност за купување на РАТИ!!! 

Согласно со вашата картичка која ја користите и на која имате интерен договор на рати со вашата банка.

 

 

Правила и услови за користење на CASHBACK ваучер за Skyline клима уреди

 

Со секој купен клима уред од брендот Skyline, во периодот од 27.06 до 31.07.2025 добивате CASHBACK ваучер во вредност од 10% од цената на чинење на уредот, односно:

  • Skyline 7kw | SL 24000 инвертер клима, со малопродажна цена од 56.250,00 денари, добивате ваучер во вредност од 5.625,00 денари.
  • Skyline 5,5kw | SL 18000 инвертер клима, со малопродажна цена од 42.000,00 денари, добивате ваучер во вредност од 4.200,00 денари.
  • Skyline 3,5kw | SL 12000 инвертер клима, со малопродажна цена од 22.500,00 денари, добивате ваучер во вредност од 2.250,00 денари.

 

CASHBACK ваучерот може да се искористи во рок од 90 дена од денот на купување на Skyline клима уредот, односно датумот на издавање на ваучерот. По истекот на овој период ваучерот се поништува и средствата не може да се искористат.

CASHBACK ваучерот може да се искористи за купување на други производи, односно не може да се искористи за дополнително намалување на вредноста на купениот Skyline клима уред.

CASHBACK ваучерот може да се искористи при едно купување, односно вредноста на ваучерот не може да се дели на две или повеќе трансакции.

CASHBACK ваучерот не може да се користи при купување на производи кои имаат акциска или промотивна цена. Овие производи се посебно обележени согласно Законот за заштита на потрошувачите, односно имаат прешкртана(редовна) цена и нова(промотивна) цена.

Вредноста на CASHBACK ваучерот не може да надмине 20% од вредноста на купените производи, односно за да ја искористите вредноста на ваучерот во целост потребно е сумата на ваучерот да биде 20% или помалку од вкупната вредност на купените производи.

Пример: доколку купите производи во вредност 10.000,00 денари, а имате ваучер од 2.250,00 денари, сумата за плаќање ќе биде намалена за 20% односно 2.000,00 денари, а ваучерот ќе се смета за искористен во целост.

 

Податоци за банка

ЕДБ : 4030003470947
Жиро сметка: 200000827858908
Депонент : Стопанска Банка

 

Контакт

  • +389 2 3079 802 +389 2 3090 785
  • info@termosistem.com.mk

Facebook

ТЕРМО СИСТЕМ e-shop © 2025.