За Нас

ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е увозот, трговијата, инженерингот и изведбата на инсталации во областа на греење, водовод, соларни системи и климатизација.

Нашата компанија Термо Систем  на македонскиот пазар успешно постои веќе 19 години. За сите овие години нашата визија беше јасна, се стремевме кон придобивање на задоволни купувачи , со понуда на квалитетни производи и одлична услуга.

Поради широката палета на производи од познатите светски брендови како Giacomini, Bosch, Daikin, Enrad, Wilo, Rothenberger, Siemens, Fondital, Burnit, Sun System, Frabo, Radiatori 2000, Buderus  и други, станавме препознатливи по врвниот квалитет и се здобивме со многу признанија по највисоките светски стандарди.

Овие 19 години се грижиме за вас и за вашите домови, преку креирање на идејни решенија за греење, климатизација, водовод и соларни системи.

Нашиот успех го мериме преку задоволството на нашите клиенти кои секојдневно ги испраќаме со насмевки на лицата.  Ја креираме нашата историја низ годините, се со цел да им се доближиме на нашите корисници преку различни активности. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија како и работење по највисоки стандарди за квалитет.

Од неодамна располагаме со нов изложбен салон, опремен со различна палета на производи, енергетски ефикасни, нови софистицирани системи се со цел да одговориме на секаков профил на купувач.

Новиот мултифункционален простор одговара на секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Тука има место и за оние  кои бараат  иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти.

Нашата крајна цел е да се создаде кај нашите купувачи чувство дека инвестираат во високо квалитетни производи кои пред се се енергетско ефикасни,  ја заштитуваат животната средина и се долготраен производ за идните генерации.

Нашата работа не застанува тука. Во иднина продолжуваме со многу работа и труд, да ги задоволуваме вашите потреби и барања, да ги нудиме сите решенија кои би го олесниле и зголемиле квалитетот на вашиот животен стил.

Основни податоци за компанијата:

Работно време: Понеделник – Петок: 08:00 – 16:00 | Сабота: 09:00 – 14:00

ТЕРМО СИСТЕМ дооел | ул.Скупи. бр 47, 1000 Скопје
Тел : + 389 2 3079 802 | + 389 2 3090 785 | Факс : + 389 2 3090 775 | e-mail : info@termosistem.com.mk
ЕМБС: 5738687 | ЕДБ : 4030003470947 | ДЕЈНОСТ: 43.22
Жиро сметка: 200000827858908 Стопанска Банка

Податоци за банка


ЕДБ : 4030003470947
Жиро сметка: 200000827858908
Депонент : Стопанска Банка

Контакт

  • +389 2 3079 802 +389 2 3090 785
  • info@termosistem.com.mk

Facebook

ТЕРМО СИСТЕМ e-shop © 2024.