Правила за електронски пораки, регистрација и права на субјектот

Правила за поднесување на електронски пораки, Правила за процесот на регистрација и права на субјектот на личните податоци

 

Собирање и обработка на Вашите личните податоци

 

Кои лични податоци ги обработуваме?

 

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите интернет страници, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на интернет страниците.

Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена.

Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата страна заради користење на наши производи и услуги согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.

Гаранции и одговорности

Термо Систем ДООЕЛ ја управува страницата www.termosistem.mk од своето седиште на ул. Никола Парапунов 1/1-13 1000 Скопје. Така, Термо Систем ДООЕЛ гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Северна Македонија. Од друга страна, Термо Систем ДООЕЛ не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Северна Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Термо Систем ДООЕЛ не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Термо Систем ДООЕЛ. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Термо Систем ДООЕЛ не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Термо Систем ДООЕЛ не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

Термо Систем ДООЕЛ нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт.

Сепак, Термо Систем ДООЕЛ има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Термо Систем ДООЕЛ не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.

 

 

Правила за поднесување на електронски пораки

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која www.termosistem.mk ја има со вас.

При самата регистрација вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања, прочитајте повеќе за промотивните емаил пораки на овој линк. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "Регистација / НЕ" во вашата корисничка сметка.

Правила за процесот на регистрација

За купување на нашата веб страница може, но не мора да бидете регистриран корисник. Предноста доколку се регистрирате на нашата веб страна е дека ќе добиете подобро корисничко искуство. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл. при преглед на производите кои се достапни за купување, ќе приметите од десна страна поле “КУПИ “. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Права на субјектот на лични податоци

 

Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:

 

Назив: Друштво за призводство, градежништво, инжинеринг, трговија и услуги ТЕРМО СИСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

Седиште: Никола Парапунов бр.1-1/Л.13 СКОПЈЕ,КАРПОШ, КАРПОШ

e-mail: info@termosistem.com.mk  

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Сара Шремпф

Тел.број: 02/3079-802

e-mail: sara.schrempf@termosistem.com.mk

 

Нашата визија за заштита на личните податоци

ТЕРМО СИСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  да е контролор на лични податоци кој има воспоставено систем за заштитата на личните податоци. ТЕРМО СИСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  да во својство на контролор на личните податоци врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на своите корисници, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување набезбедност на обработката на личните податоци.

Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци

Врз основа на Изјавата за согласност за обработка на лични податоци:

• ТЕРМО СИСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  да ја обработува Вашата електронска пошта (е-маил) – за цели надоставување на редовни известувања кои произлегуваат од вашиот договорен однос.

• ТЕРМО СИСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  да ги обработуваат Вашите: име и презиме, електронска пошта (е-маил), адреса на живеење ителефонски број – за цели на директен маркетинг.

Правен основ за обработка на Вашите лични податоци за целите наведени погоре е Вашата согласност за секојаодделна цел, преку одбирање на соодветната опција за согласност.

Рокови на чување на Вашите лични податоци

Вашата електронска пошта (е-маил) која се обработува од страна ТЕРМО СИСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  да за цели надоставување на редовни известувања ќе се обработува и чува се додека постои законска обврска за доставувањередовно известување. Вашето име и презиме, електронска пошта (е-маил), адреса

на живеење и телефонски број кои се обработуваат за цели на директен маркетинг ќе се обработуваат и чуваат седо повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.

Кои се Вашите права?

Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право напристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост),упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: sara.schrempf@termosistem.com.mk

Доколку сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да

поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијатаза заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземенитеактивности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

 

 

 

Податоци за банка


ЕДБ : 4030003470947
Жиро сметка: 200000827858908
Депонент : Стопанска Банка

Контакт

  • +389 2 3079 802 +389 2 3090 785
  • info@termosistem.com.mk

Facebook

ТЕРМО СИСТЕМ e-shop © 2024.