Нарачка и лично подигање

Опис на купување преку картичка (Е-ПРОДАВНИЦА)

1. Отворете сметка ако прв пат купувате, ако сте веќе корисник во нашата продавница само најавете се.

​2. Го бирате производот кој сакате да го купите --> Селектирате ВО КОШНИЧКА --> Горе десно кликате на кошничката и ви се отвара производот кој сте го одбрале --> Кликате преглед доколку сакате да видите кои производи ви се во кошничка или можете да кликнете веднаш во ПЛАЌАЊЕ

3. Откако сте кликнале ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна со 6 чекори за да извршите ПЛАЌАЊЕ. На секој пополнето поле кликате продолжи и ќе стигнете до 6 ти чекор - ПОТВРДА НА НАРАЧКА

4. Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на ПРОДОЛЖИ СО ПЛАЌАЊЕ, вашата нарачка автоматски се префрлате на страница каде што ќе извршите уплата со вашата платежна картичка.

5. Со внес на вашите валидни податоци, автоматски ќе се потврди вашата наплата.

Нарачка по телефон и email

Ако немате доволно време за вашата нарачка да ја направите преку нашата интернет продавница, ние Ви даваме можност истата да ја направите преку нашиот телефонскиот број 02 3090 785; 02 3079 802 или преку еmail на info@termosistem.com.mk
Нашите оператори ќе Ви помогнат во процесот на регистрација, користењето и функционалноста на интернет продажбата, пребарување на артиклите, како и во изборот на последните чекори при купувањето.

Ако се одлучите вашата нарачка да ја спроведете преку нашите оператори, телефонски или преку е-пошта, потребно е да ни оставите информации за:

  • примателот
  • адреса за испорака 
  • и контакт телефонски број

Ние ќе ви испратиме понуда со уплатница или ќе ви ја испорачаме пратката на дадената адреса, со можноста за плаќање при самата испорака (во готово).
За нарачки направени преку телефон или email, не се овозмoжува плаќање со кредитна картичка поради заштита на вашите лични податоци. 

Работно време на операторите; понеделник до петок од 8:00 - 16:00 часот.

За време на викенди и празници нарачките се овозможени само преку нашата веб страница со што телефонскиот број не е во функција.

Лично подигање

Платените нарачки можете лично да ги превземете во нашиот дистрибутивен магацин.

Тој се наоѓа во Скопје на адресата Никола Парапунов бб во Карпош 4 , кај Стара Телевизија.

Работно време на магацинот:

  • Понеделник - Петок: 8:00 - 16:00 часот
  • Сабота: 09:00-14:00 часот


При лично подигнување на артиклите кои ги имате предходно порачано, ве молиме прво проверете дали артиклите се подготвени за преземање на телефонскиот број 02 3090 785; 02 3079 802

Кога лично се подигнуваат артиклите во нашиот магацин Ве молиме да понесете копија од фактурата која е пратена на вашата email адреса. При подигнување на артиклите од нашиот магацин немате никакви дополнителни трошоци за испорака.

ЗАБЕЛЕШКА: кога артиклите се платени со општа уплатница, истите ќе бидат испорачани кога уплатените средства ќе бидат прокнижени на нашата банковна сметка (според принципите на банките - по правило, наредниот работен ден), затоа ве молиме проверете го статусот на нарачката на телефонскиот број 02 3090 785 или 02 3079 802

 

За нас

ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е увозот, трговијата, инженерингот и изведбата на инсталации во областа на греење, водовод, соларни системи и климатизација. Читај повеќе..

 

Контакт

  • +389 2 3079 802 +389 2 3090 785
  • info@termosistem.com.mk

Facebook

ТЕРМО СИСТЕМ © 2019.